В. И. Ленин
„Левичарството“ детска болест во комунизмот


II
ЕДЕН ОД ОСНОВНИТЕ УСЛОВИ ЗА УСПЕХОТ НА БОЛШЕВИЦИТЕ

Навистина, сега веќе речиси секој гледа дека болшевиците немаше да се задржат на власт не две и пол години, туку ни два и пол месеца без најстрога, навистина железна дисциплина во нашата партија, без најполната и безрезервна поддршка од сета маса на работничката класа, т.е. од сè што мисли, сè што е чесно, самопрегорно, влијателно во неа, способно да ги води по себе или да ги занесува заостанатите слоеви.

Диктатурата на пролетаријатот е најжестока и најбеспоштедна војна на новата класа против посилниот непријател, против буржоазијата чијшто отпор е удесеторен со нејзиното соборување (макар само во една земја) и чијашто моќ се состои не само во силата на меѓународниот капитал, во силата и цврстината на меѓународните врски на буржоазијата, туку и во силата на навикот, во силата на ситното производство. Зашто ситното производство остана во светов, за жал, уште премногу и премногу, а ситното производство раѓа капитализам и буржоазија постојано, секидневно, секој час, стихијно и во масовни размери. Поради сите тие причини диктатурата на пролетаријатот е неопходна, и победата над буржоазијата е невозможна без долга, упорна, очајна војна на живот и смрт — војна... што бара владеење со себе, дисциплина, цврстина, непоколебливост и единство на волјата.

Повторувам, опитот од победоносната диктатура на пролетаријатот во Русија нагласено им покажа на оние што не умеат да мислат или кои немале можност да мислат за даденото прашање дека безусловната централизација и најстрогата дисциплина на пролетаријатот се еден од основните услови за победа над буржоазијата.

На ова се запираат често. Не сосема недоволно размислуваат за тоа што значи ова, под кои услови е тоа можно. Не би требало ли поздравните извици по адреса на советската власт и болшевиците почесто да се придружуваат со најсериозна анализа на причините зошто болшевиците можеа да ја изградат дисциплината неопходна за револуционерниот пролетаријат?

Болшевизмот, како струја на политичката мисла и како политичка партија, постои од 1903 година. Само историјата на болшевизмот низ сиот период на неговото постоење може да објасни задоволително зошто тој можеше да ја изгради и ја зачува под најтешките услови железната дисциплина неопходна за победата на пролетаријатот.

И пред сè, се јавува прашањето: со што се одржува дисциплината во револуционерната партија на пролетаријатот? со што се поткрепува? Прво, со свесноста на пролетерската авангарда и нејзината преданост кон револуцијата, со нејзиното владеење со себеси, самопожртвување, хероизам. Второ, со нејзиното умеење да се сврзе, да се зближи, до извесна степен, ако сакате, да се слее со најшироката маса на трудбениците, на прво место со пролетерската, но исто така и со нета на политичкото раководење што го остварува таа авангарда, со правилноста на нејзината политичка стратегија и тактика, под услов — најшироките маси врз сопствен опит да се убедиле во таа правилност. Без тие услови дисциплината во една револуционерна партија, навистина кадарна да биде партија на најредната класа којашто има да ја собори буржоазијата и да го преобрази сето општество — не може да се оствари. Без тие услови обидите да се создаде дисциплина неминовно се претвораат во фикција, во фраза, во преправање. А тие услови, од друга страна, не можат да настанат одеднаш. Тие се создаваат само со долга работа, со голем опит; нивното создавање го олеснува правилната револуционерна теорија, којашто, од своја страна, не е догма туку се изградува конечно само во тесна врска со практиката на навистина масовното и навистина револуционерното движење.

Ако болшевизмот можеше да изгради и успешно да оствари во 1917—1920 година, под невидено тешки услови, најстрога централизација и железна дисциплина, причината за тоа лежи просто напросто во ред историски особености на Русија.

Од една страна, болшевизмот поникна во 1903 година врз најсолидната база на теоријата на марксизмот. А правилноста на оваа — и само на оваа — револуционерна теорија ја докажа не само светскиот опит на сиот XIX век, туку и, особено, опитот на лутањата и колебањата, на погрешките и разочарувањата на револуционерната мисла во Русија. Во текот на околу половина век, приближно од 40-тите до 90-тите години на минатиот век, напредната мисла во Русија, под гнетот на невидено варварскиот и реакционерен царизам, страсно ја бараше правилната револуционерна теорија, следејќи го со неверојатна ревност и грижливост секој „последен збор“ на Европа и Америка во таа област. Марксизмот како единствено правилна револуционерна теорија Русија навистина го истрада низ полувековна историја на нечуени маки и жртви на невиден револуционерен хероизам, на неверојатната енергија и упорност во барањата, на обучување, испитување на практика, разочарување, проверување, споредување на опитот на Европа. Благодарејќи на емигрантшината, на која ја присилуваше царизмот, револуционерна Русија располагаше во втората половина на XIX век со такво богатство од интернационални врски, со таква одлична информираност за светските форми и теории на револуционното движење како ниедна земја на светот.

Од друга страна, настанат врз таа гранична теоретска база, болшевизмот премина петнаесетгодишна (1903—1917) практична историја, која што по богатството на опитот нема рамна на себеси во светот. Зашто во ниедна земја за тие 15 години не се преживеало ниту приближно толку многу во смисла на револуционерен опит, брзина и разнообразност во сменувањето на различните форми на движењето, легално и илегално, мирно и бурно, тајно и отворено, кружочко и масовно, парламентарно и терористичко. Во ниедна земја во еден таков краток период не беше концентрирано такво богатство од форми, нијанси, методи на борба на сите класи од современото општество, и тоа на борба којашто поради заостанатоста на земјата и тежината на гнетот на царизмот, особено брзо узревање, особено и успешно го усвојување соодветниот „последен збор“ на американскиот и европскиот политички опит.