Годините на подготвувањето на револуцијата (1903—1905). Насекаде се чувствува приближувањето на големата бура. Во сите класи — вриеж и подготвување. Во странство емигрантскиот печат ги поставува сите основни прашања на револуцијата. Претставниците на трите основни класи, на трите главни политички страни: либерално-буржоаската, ситнобуржоаско-демократската (затскриена под фирмите „социјалдемократска“ и „социјал-револуционерен“ правец) и пролетерско-револуционерната, со најжестока борба на програмските и тактичките погледи ја антиципираат и подготвуваат идната отворена борба на класите. Сите прашања кои се водеше вооружената борба на масите во 1905—1907 и во 1917—1920 година може (и треба) да проследат во зародишна форма, по тогашниот печат.
А меѓу трите главни правци има, се разбира, колку сакате средни, преодни, половични формации. Но: во борбата помеѓу органите на печатот, партиите, фракциите, групите се кристализираат оние идејно-политички правци што се навистина класни; класите коваат соодветното идејно-политичко оружје за битките што доаѓаат.
Годините на револуцијата (1905—1907). Сите класи истапуваат отворено. Сите програмски и тактичките погледи се проверуваат преку акцијата на масите. Невидена во светот широчина и острина на штрајкувачката борба. Прераснувањето на економскиот штрајк во политички и на политичкиот во востание. Практиката на проверување на односите помеѓу руководечкиот пролетаријат и руководното колебливо нестабилно селанство. Раѓањето, во стихијниот развиток на борбата, на советската форма на организација. Тогашните спорови за значењето на советите ја претставуваат големата борба од 1917—1920 година. Сменувањето на парламентарните и непарламентарните форми на борба на тактиката на бојкот на парламентаризмот со тактиката на учествување во парламентаризмот, на легалните форми на борба со илегални, како и на нивниот заемен однос и врска — сето тоа се одликува со извонредното богатство на содржината. Секој месец од овој период беше, во смисла на обучување во основите на политичката наука — и на масите, и на водачите, и на класите и на партиите — рамен на година „мирен“ поредок. Без „генералната репетиција“ од 1905 година победата на Октомвриската револуција во 1917 година ќе беше невозможна.
Годините на реакцијата (1907—1910). Царизмот победи. Сите револуционерни и опозициони партии се разбиени. Разочараност, деморализација, распепи, распокиност, ренегатство, порнографија наместо политика. Сè посилна наклонетост кон философскиот идеализам; мистицизам како потслон на контрареволуционерни настроенија. Но во истото време токму големиот пораз им дава на револуционерните партии и на револуционерната класа вистинска и мошне полезна лекција по историската дијалектика, лекција по сфаќањето, умеењето и вештината да се води политичка борба. Пријателите се познаваат во несреќата. Разбиените армии учат добро.
Царизмот којшто победи е присилен забрзано да ги руши останките од добуржоаскиот, патријархалниот бит во Русија. Нејзиниот буржоаски развиток чекор напред извонредно брзо. Вонкласните, наткласните илузии, илузиите за тоа дека е можно да се избегне капитализмот, се разлетуваат како прав. Класната борба се манифестира на сосема нов начин и толку порелефно.
Револуционерните партии треба да се доучуваат. Тие се учеа да настапуваат. Сега треба да сфатат дека таа наука треба да се дополнува со науката: како правилно да се отстапува. Треба да сфатат — и револуционерната класа врз својот сопствен горчлив опит се учи да сфаќа — дека не може да се победи ако не си се научил правилно да настапуваш и правилно да отстапуваш. Од сите разбиени опозициони и револуционерни партии болшевиците отстапија во најголем ред, со најмала штета за својата „армија“, со најголемо запазување на нејзиното јадро, со најмали (по својата длабочина и неизлечивост) расцепи, со најмала деморализација, со најголема способност да ја обноват работата најшироко, најправилно и најенергично. А болшевиците го постигнаа тоа само зашто беспоштедно ги разобличуваа и истераа револуционерите на фразата коишто не сакаа да сфатат дека треба да се отстапи, дека треба да умееш да отстапиш, дека треба бездруго да научиш да работиш легално во најреакционерните парламенти, во најреакционерните синдикални, задружни, осигурителни и слични организации.
Годините на полет (1910—1914). Во почетокот полетот беше неверојатно бавен, потоа по ленските настани од 1912 година малку побрз. Надбивајќи нечуените тешкотии, болшевиците ги потиснаа меншевиците, чијашто улога, улога на буржоаски агенти во работничкото движење, одлично ја сфати целата буржоазија по 1905 година, и коишто затоа на илјадници начини целата буржоазија ги поддржуваше против болшевиците. Но болшевиците никогаш не ќе успееја да го постигнат тоа ако не применуваа правилна тактика на комбинирање на легалната работа со задолжителното исползување на „легалните можности“. Во најреакционерната Дума болшевиците ја освоија сета работничка курија.
Првата светска империјалистичка војна (1914—1917). Легалниот парламентаризам, во условите на крајна реакционерност на „парламентот“ многу полезно ја служи на партијата на револуционерниот пролетаријат, на болшевиците. Пратениците-болшевици одат во Сибир. Во емигрантскиот печат сите нијанси на гледиштата на социјал-империјализмот, социјал-шовинизмот, социјал-патриотизмот, недоследниот и доследниот интернационализам, пацифизмот и револуционерното негирање на пацифистичките илузии кај нас наоѓаат свој полн израз. Учените будали и старите баби од Втората интернационала, коишто го прчеа носот заради изобилието на „фракции“ во рускиот социјализам и жестокоста на борбата помеѓу нив, не умееја, кога војната ја одзеде фалената „легалност“ во сите развиени земји, да организираат дури ни приближно таква слободна (илегална) размена на гледиштата и таква (илегална) изработка на правилни гледишта какви што организираа руските револуционери во Швајцарија и во ред други земји. Токму затоа и отворените социјалпатриоти и „кауцкијанците“ од сите земји се покажаа како најлоши предавници на пролетаријатот. А ако болшевизмот успеа да победи во 1917—1920 година, една од основните причини на таа победа е тоа што болшевизмот уште од крајот на 1914 година ја разобличуваше гнасоста, нискоста и подлоста на социјалшовинизмот и „кауцкијанството“ (на кое му одговараат лонгетиизмот во Франција, гледиштата на водачите на Независната работничка партија и на фабијанците во Англија, на Турати во Италија итн.), а масите потоа врз сопствен опит се убедуваа сè повеќе и повеќе во правилноста на гледиштата на болшевиците.
Втората револуција во Русија (од февруари до октомври 1917 година). Наверојатната застареност и престареност на царизмот создаде (со ударите и тешкотиите од крајно мачната војна) неверојатна сила на разурнување насочена против него. За неколку дена Русија се претвори во демократска буржоаска република, послободна — во условите на војната — од која и да било земја во светот. Влада почнаа да создаваат водачите на опозиционите и револуционерните партии — како во „најстрого парламентарните“ републики, што званието водач на опозициона партија во парламентот, макар бил тој и најреакционерен, ја олеснуваше попосложената улога на таков водач во револуцијата.
Меншевиците и „социјалистите-револуционери“ за неколку недели ги усвоија одлично сите методи и манири, аргументи и софизми на европските херои од Втората интернационала, на министеријалистите од другата опортунистичка џган. Сè што читаме сега за Шајдемановци и Носкевци, за Кауцки и Хилфердинг, за Ренер и Аустерлиц, Ото Бауер и Фриц Адлер, за Турати и Лонге, за фабијанците и водачите на Независната работничка партија во Англија, сето тоа ни изгледа (и фактички е) додевно повторување, препев на познат и стар мотив. Сето тоа ние веќе сме го виделе кај меншевиците. Историјата се има пошегувано и ги има натерано опортунистите од една заостаната земја да ги антиципираат опортунистите од ред развиени земји.
Ако сите херои од Втората интернационала претрпеа банкротство и се посрамотија по прашањето за значењето и улогата на советите и советската власт, ако особено „јарко“ се посрамотија и се заплеткаа по ова прашање водачите на трите многу важни партии што сега излегоа од Втората интернационала (имено германската Независна социјалдемократска партија, француската лонгетистичка и англиската Независна работничка партија), ако сите тие се покажаа како робови на предрасудите на ситнобуржоаската демократија (сосем во духот на ситните буржуи од 1848 година, коишто се викаа себеси „социјалдемократи“), сето тоа веќе го имаме видено на примерот со меншевиците. Историјата направи таква шега, што во Русија во 1905 година се родија советите, што во февруари—октомври 1917 година нив ги фалсификуваа меншевиците, коишто банкротираа поради неумеењето да ја сфатат нивната улога и значење, и што сега во целиот свет се роди идејата за советска власт, којашто се шири со невидена брзина сред пролетаријатот од сите земји, при што старите херои на Втората интернационала насекаде банкротираат како и нашите меншевици поради своето неумеење да ја сфатат улогата и значењето на советите. Опитот докажа дека, во некои мошне суштествени прашања на пролетерската револуција, на сите земји неизбежно им претстои да го поминат она што го помина Русија.
Својата победоносна борба против парламентарната (фактички) буржоаска република и против меншевиците ја започнаа болшевиците мошне претпазливо и ја подготвуваа ни најмалку просто — спротивно на оние погледи што сега често се среќаваат во Европа и Америка. Ние не повикувавме во почетокот на тој период кон соборување на владата, туку ја разјаснувавме невозможноста да биде таа соборена без претходни измени во составот и расположението на советите. Ние не објавувавме бојкот на буржоаскиот парламент, на уставотворното собрание, туку зборувавме — од априлската (1917) конференција на нашата партија, зборувавме официјално од името на партијата — дека буржоаската република во уставотворно собрание е подобра од иста таква република без уставотворно собрание, а „работничко-селанската“, советската република е подобра од секоја буржоаско-демократска, парламентарна, република. Без таква претпазлива, сестрана, обмислена и долготрајна подготовка ние не ќе можевме ниту да постигнеме победа во октомври 1917 година, ниту да ја одржиме таа победа.